slide1

Земјотрес #3

ЗЕМЈОТРЕС 3
Фестивал на независна музика
сабота, 7 февруари 2015, почеток: 19:00
Младински Културен Центар
Влез: 100 денари

Земјотрес е музички фестивал на македонските независни дискографски куќи. Инициран од Направи Заедно, 69 Records и ПМГ Рекордингс, тоа е потполно отворен концепт, на кој постојано се приклучуваат релевантни чинители на нашата алтернативна сцена. Токму таа сцена е единствената во Македонија која музиката ја сфаќа и третира како уметност, борба и национално богатство. Ако ова ви се чини разумно и интересно, приклучете се на Земјотрес.

(more…)

Повеќе/More

slider-oruzhje

Нов соло сингл од Fitz

„Оружје од гнев“ e новиот соло сингл на Филип Тасевски – Fitz. Видеото за истиот е во режија на Ана Јакимска, a камерата и монтажата се на Бранко Костески. Во видео записот се појавува актерот Предраг Павловски, заедно со младите ученици од здружението за културна уметничка едукација „Од игра до претстава“.

(more…)

Повеќе/More

Spinners (Athens, GR) + Leitmotif (Skopje, MK) @ Cafe Bravo!

Ве каниме на супер концерт во Браво. Настапуваат два суперкул бендови: Spinners од Атина и Leitmotif од Скопје.

SPInnERS (athens,gr) е супер инди рок/панк/пост хардкор/гранџ трио од Атина, Грција. Постојат од 2008 година и зад себе имаат две изданија: “Everybody needs a lie” LP (2011) и “Self Titled” LP (2013). Бендот постојано настапува низ регионот, а има отворено и за Dinosaur Jr. во Атина. Во моментов се на балканска турнеја и ќе настапт и во Скопје…ПРЕПОРАЧЛИВО ЗА ФАНОВИ НА DISCHORD БЕНДОВИ!!!

(more…)

Повеќе/More